МВР излезе со детал за денешнот инцидент во МНАВ кога неколкумина извршија упад и нападнаа вработени.Според полицијаталице вработено во М-НАВ, заедно со уште неколку непознати лица физички нападнале тројца вработени во институцијата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Денеска (04.01.2024) околу 15:15 часот во ПО Петровец лице вработено во МНАВ пријавило дека во објектот имало нарушување на јавниот ред и мир односно дека Б.Н. (лице вработено во институцијата) заедно со уште неколку непознати лица физички ги нападнале П.Б., Е.К. и Б.Р. (лица вработени во институцијата). Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје се упатени кон местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), Александар Тасевски, претходно објави дека во објектот на контрола на летање дошле неколку возила од кое излегле неколку лица кои влегле во објектот на контрола на летање и предизвикале караница и нападнале вработени во контролата на летање. Според него, возилата влегле без да бидат спречени од страна на обезбедувањето.

– Возилата влегле без да бидат спречени од страна на обезбедувањето кое е од надворешна фирма на која според наши сознанија ѝ е истечен договорот од пред извесно време а немаме информација дали им е продолжен повторно. Од друга страна не реагирало ни обезбедувањето на М-НАВ кое се наоѓа во самиот објект, наведува тој.

Овој акт на насилство, како што дополнува, не само што претставува закана за секој еден професионалец во контролата на летање туку и за безбедноста во авијацијата.

Нападот се случи по денешната прес-конференција на Тасевски  во која тој информираше дека дваесет до триесет контролори на летање и нивни помошници во Македонска навигација ( М-НАВ) се очекува од денеска да почнат да поднесуваат оставки од раководните позиции во М-НАВ, образложувајќи дека оставките се за поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција.

Според информациите на „Република“ главен меѓу напаѓачите бил Беким Незири од ДУИ, претседател на скопскиот огранок на ДУИ и поранешен министер за економија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.