Кој е Артан Груби да бара помирување? Тој е таму каде што е по предлог на Али Ахмети и нема што да бара, вели во интервју за весникот ВЕЧЕР, Невзат Бејта, долгогодишен функционер од редовите на ДУИ, кој сега е дел од незадоволните во партијата.
Господине Бејта, што се случува во ДУИ? Може ли да се каже дека за првпат од постоењето, најголемата албанска партија во Македонија е на раскрсница?
Во ДУИ треба еднаш засекогаш да почне да се почитува демократијата, а тоа значи да се почитуваат одлуките на сите партиски органи, а во моментов тоа не функционира. Не се почитуваат ограноците, претседателство.., ние имаме партиски Статут и претседателот треба тој ред да го воспостави, но се меша Артан Груби. И лидерот на партијата треба да работи според партискиот статут, без разлика кој е лидер – тој го предлага статутот на партијата и тој најмногу треба да го почитува. Кај нас тоа не се почитува и затоа ние го дигнавме гласот, сакаме сите проблеми што ги има партијата и членството и гласачите, што ни дале доверба, да се дискутираат во партијата. Еве, сега влезе Алијанса во Владата, не се одржа ниту еден состанок, нема дебата, само се информираат функционерите и членството, а тоа не е демократски.
Целото интервју на Вечер.прес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.