Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај ѝ го честиташе изборот на Гордана Силјановска-Давкова за претседател на Република Македонија, која е прва жена на чело на државата, јави Ора њуз.

Во објава на својот профил на платформата Х изразува верба во натамошното зајакнување на односите меѓу двете земји.

– Честитки, Гордана Силјановска-Давкова, првата жена избрана  за претседател на Република Македонија. Убеден сум дека заедно дополнително ќе ги зајакнеме традиционално многу добрите односи меѓу нашите пријателски земји, како земји членки во НАТО и идни членки во ЕУ, за што Албанците во РСМ остануваат целосно ангажирани, напиша Бегај во објавата на Платформата Х.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.