Со инвестиција од 7,5 милиони евра ќе биде обновена пистата на Меѓународниот аеродром Скопје. И покрај кризата, влегуваме во оваа капитална инвестиција бидејќи таа уште повеќе ќе го подобри квалитетот на работењето и на услугите што ги нуди Меѓународниот Аеродром Скопје, истакнува во интервју за МИА Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.

Со оперативниот план што го изработиле, како што вели, рехабилитацијата на пистата ќе има минимално влијание врз летовите и патниците.

На авиокомпаниите и на другите чинители во авиосообраќајот им ја најавиле рехабилитацијата на пистата една цела сезона однапред, со цел тие да можат да планираат и да ги адаптираат распоредите на летање навреме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.