Вечерва во емисијата „200“ во Алсат, Елми Азири, потпретседател на Алијансата за Албанците, рече дека формирањето на парламентарното мнозинство е направено на шверцерски начин.

Според Азири, парламентот е трансформиран во институција во која се тргува “топтан“, каде не се земаат предвид ниту критериумите, ниту ветувањата, ниту довербата што им се дава од граѓаните, пишува Алсат.

„Ако се обидеме да дадеме оцена за евентуалниот успех на оваа влада, тогаш треба да се разгледаат два момента: првиот момент како се формираше оваа влада и вториот момент, историската анализа, односно оценката на досегашното работење на Владата. Што се однесува до првото, за формирање на мнозинство на шверцерски начин, што максимално го деградираше моралот на водење политика, бидејќи имаме претворање на парламентот во институција каде што се прави “топтан“ трговија без да се земат во предвид ниту критериумите, ниту ветувањата, ниту довербата дадена од граѓаните кон и довербата од другите соработници“, рече Азири.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.