Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги повикува радиодифузерите утре соодветно да ја прилагодат програмата и да емитуваат содржини кои по својата медиумска функција одговараат на ден на жалост, што го прогласи Владата за жртвите од земјотресите во Турција и Сирија.
-Забавните шоу програми, хумористичните емисии или играна програма од жанрот комедија кои биле планирани да се емитуваат утре, да се распределат за други денови во седмицата, а музиката да биде од соодветни музички жанрови. Доколку тоа го дозволуваат веќе склучените договори, препорачливо е да не се емитува рекламирање, соопшти ААВМУ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.