Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе додели финансиска помош – донација во висина од еден милион денари за санирање на последиците од земјотресот што ја погоди Република Турција.

Финансиските средства ќе бидат уплатени на посебна наменска сметка на Црвениот крст на Република Македонија – Фонд за солидарност, соопшти АВМУ.

Агенцијата изразува сочувство до семејствата на настраданите и до турскиот народ.са/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.