Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска соопштија дека го сметаат за апсолутно неприфатлив недоличниот однос на министерот за економија Крешник Бектеши, кон новинарката на ТВ Канал 5, Катерина Капковска, за време на денешната прес-конференција во Влада.
– Носителите на јавни функции треба да се воздржат од изнесување лични ставови, коментари и етикетирања со кои се загрозува слободата на медиумите и може да води кон појава на самоцензура, истакнаа од АВМУ.
Оттаму, повторно апелираа дека е неопходно да се вложат максимални напори за обезбедување поволен амбиент за непречено работење на медиумските работници, имајќи ја предвид нивната улога во отворањето прашања од јавен интерес и обезбедувањето транспарентност и одговорност на јавните органи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.