„Ковачевски е делигиран човек од еден или од два центри на моќ и без никаков легитимитет мисли дека е премиер на оваа држава и влече потези, дали на некого му се допаѓаат или не. И тој трча зад проблемите како и секој лош лидер и секој лош премиер. Тој трла зад проблемите, не решава проблеми,нема ниту еден проблем решено“, истакна Петар Атанасов во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Атанасов додаде дека Ковачевски и СДСМ не заслужуваат да ја водат Македонија поради лошата и неспособна политика. Оваа гарнитура на власт не разликува што е државен, а што е национален интерес.

„Во овој момент Македонија никаде не оди со овој премиер. Веројатно овие кои што му ги пишуваат говорите сега се добри, па убави говори му пишуваат. Но, во вчерашниот говор има политички грешки многу особено за внатрешни интеграции и социјалните елементи“, рече Атанасов.

Тој посочи дека не е национален интерес власта да им потпишува на една фрустрирана политичка елита од Софија се што замислила.

„Ковачевски и СДСМ како коалиција не заслужуваат веќе да ја водат Македонија! И тоа поради кадровската политика, лошата кадровска политика и заради многуте работи кои што ги направија погрешно. Они не разликуваат државен од национален интерес. Тоа е незамисливо за мене како човек кој што цел живот е со знаење и наука, што пледира да знаеме што правиме, ако сме мала држава. Ти можеш да ги браниш државните интереси во преговорите со Бугарија.

Државен интерес е Македонија да преговара веднаш, ама не е национален интерес да разговараме за Гоце Делчев. Не е национален интерес да им потпишувате на една фрустрирана политичка елита од Софија, па да замислува што си замислила и сега ние да им ги исполнуваме желбите. Па не може тоа така“, нагласи Атанасов.

„Заради неспособноста, кадровската политика и заради трчање по проблемите, заради лошо решавање на националните интереси, особено во односите со Бугарија оваа Влада не заслужува повеќе да владее“, појасни Атанасов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.