Срцето ми се топи кога ве гледам толку многу. Ова е ДУИ денес.
Жени, мажи, девојки, момчиња, лекари, уметници и сите други кадри. Дојдовте овде да разговарате со нас, а на нас останува да ви одговориме, изјави Артан Груби во Желино.Денес водиме со ОБСЕ, водиме стратешки дијалог со САД, членка сме на НАТО и сме на пат кон ЕУ. Управуваме со финансиите, поминувајќи го секој предизвик, инвестираме во животната средина, во канализацијата, остваруваме еколошки проекти итн. Ние сме и во образованието, инвестиравме во училиштата. Ние сме и во економијата, ги намаливме цените, ги подигнавме маржите и им помогнавме на бизнисите. Ние сме во транспортот и поврзувањето, инвестиравме и инвестираме во големи проекти како Коридорот 8. Денес сум исклучително среќен затоа што најголемиот проект како Коридорот 8 денеска го потпиша Владата со тоа ја поминавме и последната пречка за овој проект за поврзување на Скопје, Тирана и Приштина. Овие проекти се прават затоа што политичката волја и одговорност ни ја делегира лидер кој не знае за луксузи, за ручеци или вечери, туку е едноставен и вечно сум му благодарен, тоа е нашиот лидер Али Ахмети, нагласи Груби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.