Aгенцијата за национална безбедност треба да провери државјанства на граѓани. Има околу 3.000 случаи, што треба да се решат.
Ова за Пресинг ТВ го изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
Појаснувањето беше побарано по вчерашната негова изјава, дадена на одбележувањето на тригодишнината од формирањето на Агенцијата, што беше одржано во Клубот на пратениците. Груби нагласи дека со нејзиниот директор Виктор Димовски имало голем напредок во врска со проверката на големиот број државјанства, но со новата администрација очекува ова прашање да биде приоритетно.
-Тоа е сериозен проблем со којшто се соочуваме веќе години наназад заради наследени проблеми. Јас сум имал неколку средби со директорот на Агенцијата за национална безбедност по однос на ова прашање. Сме имале напредок, голем напредок, затоа што има голем застој во случаите од претходната администрација. Но, како што веќе знаете дека сегашниот директор веќе е назначен за амбасадор на нашата земја во Франција и сметам дека со новата администрација во Агенцијата прашањето ќе биде едно од приоритетните со кое што треба да се соочиме и да го решаваме, истакна Груби.
Од изјавата остана нејасно дали станува збор за проверка на државјанства на вработени во АНБ, што има една, или на обични граѓани, што има сосема друга димензија.
Засега е неизвесно за која категорија граѓани станува збор-дали за такви, кои побарале и не добиле од различни пичини, или, пак, добиле, а не требало да им биде дозволено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.