Во изминатите пет години Владата успеа да ја врати слободата во општеството, вербата во институциите и да ја зајакне меѓусебната граѓанска почит, изјави на денешната прес-конфереција владиниот портпарол Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање за најновиот извештај на „Фридом хаус“ за напредокот на нашата држава.
Република Cеверна Македонија продолжува да гради слободно и демократско општество, во кое на прво место се почитувањето и заштитата на правата на секој граѓанин, додаде Арсовски.
Тој нагласи дека овој Извештај се однесува на подолг период, односно опфаќа и дел од периодот пред 2017 година, пред формирањето на Владата предводена од СДСМ, кога, како што рече, сите бевме сведоци дека имавме сериозни назадувања во политичките процеси, предавањето на власта и во справувањето со корупцијата.
Арсовски посочи на подобрениот рејтинг на владеењето, кој според Извештајот е бележи раст.
Дополнително Република Cеверна Македонија е посочена како земја која го има задржано либерално демократскиот развој во 2021. Остануваме на целта за постигнување подобри резултати и обезбедување на општество во кое се почитуваат граѓанските вредности, права и слободи, нагласи Арсовски.
Невладината организација „Фридом Хаус“ објави извештај за состојбата со демократијата во 29 земји во транзиција насловен „Земји во транзиција – од слабеење на демократијата до авторитарна агресија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.