Синоќа владата на затворена седница, по предлог на Министерството за надворешни работи, го утврдила предлогот во Њујорк да биде пратена за македонски генерален конзул Бесмира Ејупи, позната во јавноста како ТВ-презентерка.

Во наредниот период во консултации со кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, официјално ќе биде побаран агреман од земјата домаќин за новиот конзул.

Неодамна е донесена уште една одлука за Петрит Муслиу за генерален конзул во Чикаго. Муслиу, инаку син на аналитичарот Алберт Муслиу, неколку недели веќе е во Чикаго во македонскиот конзулат.

Дипломатски извори ги потврдија двете информации за МКД.мк, но владините портпароли Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната прес-конференција не одговорија дали Владата на затворениот дел од вчерашната седница одлучила Бесмира Ејупи да биде назначена за генерален конзул во Њујорк, САД.

На отворената седница на Владата немаше точка со ова кадровско решение, рече портпаролот Душко Аврамовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.