„Околу Фондот за иновации, би сакал да ги искоментирам и оние последниве случувања во изминативе неколку дена, а тоа е околу семејствово на Али Ахмети кое е најверојатно како „успешни бизнисмени“ кои што произлегле изминативе години, успеале да бидат и „добри иноватори“. Имено, фирмите не неговиот внук Дрин Ахмети земале од Фондот за иновации во 2022 година околу 80.000 евра за проекти кои што наводно ги спровеле“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната панел дискусија насловена „Корупцијата и криминалот, приоритет на власта на ДУИ и СДС“.

Арсовски додаде дека Антикорупциската комисија можеше и тоа да го преиспита, да види дали има некаков конфликт на интереси бидејќи таму се внуците на Али Ахмети, а тој е пратеник и претседател на ДУИ.

Но, од сето тоа што реков, антикорупционерите спијат и им дозволуваат да сите овие работи едноставно си поминат многу лесно на ДУИ, рече Арсовски.

Арсовски посочи дека заради сет овој криминал што се случува, а институциите молчат, многу млади умови си заминуваат од Македонија.

Ова е уште еден показател дека нам општеството ни е руинирано, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.