ЗЕЛС бара од Владата да си ги испочитува обврските, а тоа се дотациите што секоја година се помали. Ова го изјави градоначалничката на Скопје и претседателката на ЗЕЛС на емисијата Вин – Вин на Телма.

Запрашана дали ЗЕЛС ќе покаже позитивни чекори кон помагање во кризата Арсовска потенцираше дека „многу тешко е да покажете чекори на добра волја кога некој не сака да комуницира со општините. Општините најблиску до граѓаните, во ЗЕЛС сме 81 на број и ние во моментов сами го носиме товарот на кризата, енергетска и економска“.

Според неа иако мерките и политиките за справување со кризата се носат на централно ниво целиот товар е на грб на општините.

„Ние не бараме пари за нас, туку за граѓаните. Ние имаме одговорност со јавните претпријатија за вода, тука се пречистителни станици, пожарна, образованите и културните институции имаат потреба од дополнително финансирање што е обврска на национална власт преку дотациите. Владата има обврска да ги подмирува овие обврски.  На пример дотациите што се обврски за образованието сега се скусени. За да најдеме решение на овој проблем треба да се седнеме на маса. Немаме одговор за нашите барања од Влада иако ни беше кажано дека ќе имаме за три дена. Поминаа три месеци. Во ЗЕЛС сме претставници на сите политички партии, сите градоначалници, сите тие имаме исти проблеми и заклучоците се носат со консензус. Не е ова политика, ова потреба да се помогне на граѓаните. Ако владата не сака да разговара, тогаш нека ги земат сите обврски назад“, изјави Арсовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.