Вториот ден по конституирањето на првиот парламентарен состав, ја имав честа да ја поднесам Декларацијата за независност на Република Македонија, тоа беше шок во Собранието и почнаа игрите и интригите како да се спречи тоа. Се трудеа на секој начин да не сопрат, но тоа што ние пред народот го ветивме дека ќе се бориме за независна и самостојна држава, не попуштавме пред притисоците кои се редеа кон ВМРО-ДПМНЕ и кон мене, немаа избор ја ставија на дневен ред и се изгласа, изјави Ламбе Арнаудов, поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот на трибината „33 години ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“.
Арнаудов истакна дека тоа било првото исполнување на ветувањата од ВМРО-ДПМНЕ и можеби најзначајно.
Ја поставивме ВМРО-ДПМНЕ во симбиоза со македонскиот народ, нераскинлива врска која ќе трае додека македонската држава е биде направена под терк на народот, рече тој.
Како што посочи Арнаудов, во однос на основањето на партијата, се почнало од дијаспората каде што патриоти како Драган Богдановски, Гојко и Мане Јаковлевски, Владо Транталовски, а тука заедно со Борис Змејковски, Дијана Транталовска, почнале да организраат подготвителна база како ќе изгледа ВМРО-ДПМНЕ.
По овој ден еруптивно тргнаа националните чувства и беа поставени идеалите и целите на ВМРО-ДПМНЕ за создавање на суверена и независна Македонија. Почнавме да ги организираме сите тела онака како што беше предвидено во уставот на историското ВМРО-ДПМНЕ, потоа се формираа тела и на следните парламентарни избори убедливо победивме и направивме држава која со сите нишани и атрибути беше подобра од сега, изјави Арнаудов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.