Поранешниот потпретседател на Движењето Беса, Аријанит Хоџа, објави на Фејсбук дека ги собрал потписите за регистрација на неговата нова партија Европската демократска партија.

-Успешно заврши собирањето потписи за регистрација на Европската демократска партија. Бескрајна благодарност до сите основачи за нивната посветеност и волја да отворат нова страница на политичко дејствување. Со среќа! напиша Хоџа на Фејсбук.

Хоџа неодамна ја најави промоцијата на новата партија за в сабота, ден пред одбележувањето на годишнината од Рамковниот договор.

Партијата на Изет Меџити од „огнените“, за која исто така тој ги собра потребните потписи, се вика Демократско движење и ќе биде промовирана на годишнината на Рамковниот договор, в недела на 13 август.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.