Поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 одговори на нападите на сегашниот градоначалник Биљал Касами дадени вчера во истата емисија.
Таа вели дека објавувањето на листата со наводни договори на дело од страна на Касами е обид за дискредитација на многу личности.
Тие не се сите договори на дело, тие луѓе не биле сите вработени во општината. Едноставно, општина Тетово платила услуги и различни социјални трансфери на одредени поединци и сето тоа е според законот. Поголемиот дел се луѓе на кои им се помогнало по одлука на Советот на Тетово. Начинот на кој се вршеа плаќањата беа правени на ваков начин и тоа е се според законот. Така да, уште еднаш, таа листа е тендециозна и селективна и објавувањето на имињата на тие луѓе е навистина нехумано“, посочи Арифи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.