Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во интервју за белградска „Политика“ вели дека не е проблем што грчкиот блок од православните цркви ќе ја нарекува нашата црква само Охридска Архиепископија, а не и Македонска православна црква.
Свесни сме за чувствителноста на прашањето на ова наше име кај грчкиот блок од православните цркви. Затоа, нема да бараме од нив да не викаат со името што не го сакаат. Бидејќи сме наследници на познатата Охридска архиепископија, ословувањето со тоа име од нивна страна не ни претставува проблем. Сепак, убеден сум дека и браќата архиереи ќе сфатат дека ние самите не можеме да се нарекуваме никако поинаку освен Македонци, т.е. дека нашата црква за нас е колку македонска толку и охридска. Тука веројатно ќе има работи кои ќе мора да се решаваат, но верата и љубовта може и планини да поместат. Ако двете страни покажат дека делуваат со љубовта Христова, лесно ќе дојде до договор меѓу грчката црква и нашата, македонска цркв – вели архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во интервју за „Политика“.
Освен за односите меѓу македонската и другите православни цркви во новиот контекст по нејзиното признавање, Архиепископот во интервјуто зборува и за своите студентски денови поминати во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.