Чествувањата во чест на ловороносецот Григор Прличев продолжија и денес со панихида на неговиот гроб на која присуствуваше делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, пратениците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, директорот на Библиотеката, но и други функционери и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од Охрид, пренесува локалниот портал Охрид1.

Точно напладне пред бистата на великанот кај НУ библиотека „Григор Прличев“ беше положено свежо цвеќе, по што градоначалникот Кирил Пецаков им врачи награди на учениците Марија Јакимоска и Кирил Мартиноски чии литературни творби беа избрани за најдобри по претходно распишан литературен конкурс на Општина Охрид. Пред присутните беа прочитани наградените творби.

Беседа за Прличев одржа Зоран Пејковски, поет, драмски писател и публицист од Друштво на Писатели на Македонија, но таа предизвика негодување кај одреден дел од присутните.

Македонската трагедија е во тоа што вакви храбри луѓе има сè помалку. Прличев борбата за Макдонецот ја пишува и ја пресликува и преку гордоста и силата на мајчинството. Крикот на мајката на Кузман, е в сушност крик на мајката на Прличев, во миговите кога тој се наоѓа во Дебарските зандани, а неговата мајка го потсетува, велејќи му: „Ако ми се исплаши – Арам да ти е моето млеко“. И затоа поучени од Прличев јас ќе речам: „Арам да им е млекото на сите предавници на Македонија“, истакна во дел од беседата  Пејковски.

Повеќе на Охрид1



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.