Делата се тие кои заслужуваат почит и внимание, а не празните говори и зборови на лица кои со ниедно дело не придонеле кон Македонија и нејзината историја и иднина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За жал денес тука на Мечкин Камен ќе чуете празни зборови од страна на функционери на оваа власт кои лицемерно чествуваат а под маса распродаваат идеали на илјадници синови и ќерки на Македонија кои своите животи ги положиле за Македонија. Затоа имињата на овие функционери народот нема да ги памети, а вечно ќе се сеќава на храброста и самопрегорот на оние кои ја граделе Македонија и нејзината државност.

Оттука празните флоскули на функционерите на власта не се вредни ниту за внимание ниту за коментар. Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ , предводена од Претседателот Христијан Мицкоски после положувањето на свежо цвеќе На Мечкин Камен и оддавањето почит на хероите , продолжува во селото Ташмаруништа каде што ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на двата Илиндени, 1903 и 1944 затоа што и двата датуми се дела на кои треба простум да им се поклониме, стои во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.