Секој член на избирачки одбор ако не ги почитува законските одредби и го попречува гласањето ќе се казни со затвор до 3 години.
Апелираме до сите членови на избирачките органи да се држат до законските одредби. Имавме пријави од неколку општини, па затоа го упатуваме овој апел и се надеваме дека избирачките органи нема да ги повторат истите грешки. Инаку, гласањето тече како што треба, изјави на вонредната конференција за медиумите Дитмире Шеху, потпретседателка на ДИК.
Актите на ДИК мора да се почитуваат и ќе се преземаат сите соодветни мерки за непочитување на законот и подзаконските акти, рече Шеху.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.