Секој мава со тоа шо го има, коментира пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев, коментирајќи ги денешните демонстрации во Охрид по повод отворањето на таканаречениот бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“, именуван по бугарскиот цар под чие водство Бугарија се приклучи на Тројниот пакт на нацистичка Германија, фашистичка Италија и милитаристичка Јапонија.
Левичарите мавале со ЈАЈЦА по фашистите у Охрид!? Е ако де. Секој мава со тоа шо го има, коментира Апасиев, чија партија беше организатор на денешниот протест.
Левица денеска ја поднесе и иницијативата за референдум против пробугарскиот предлог.
Денес сме сведоци како се вее знамето на цар Борис, додека немаме никаква осуда од Владата на СДСМ и ДУИ. Напротив, вчера и отворено МНР на Бујар Османи директно застана на страната на промоција на фашизмот и побара да се почитува правото на почитување на сите граѓани, дури и на оние кои негуваат фашистички вредности, изјави генералната секретарка на партијата Јована Мојсоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.