Лидерот на Левицата, Димитар Апасиев забранил во партиските канцеларии да стои знамето од Кутлеш. Во меил пораката која тој ја испратил, а јавно ја објави Богдан Илиевски, стои во иднина, од сите локални канцеларии да се тргне „естетиката на Тодор Петров со знамињата од Кутлеш“.
Македонското национално знаме за Димче од Девица била „естетиката на Тодор Петров“.
Димче комунистче само во јавност ќе ви каже дека е големо Македончиште, ама кога е сам со себе сфаќа дека всушност му пречи знамето од Кутлеш.На ист начин предвидуваше „бесилки“ за сите за 27-ми април бидејќи се рушела „легитимно избрана власт“, за потоа да глуми патриот загрижен за судбините на затворените.
Затоа и забранил во канцелариите на Девица да стои македонското национално знаме. Но, во јавност ќе видите како пушта фори како загрижен за сонцето од Кутлеш (кое во мејлот го нарекува вИргина, покрај „естетиката на Тодор Петров“). Пусти Димче…
*принтскринот е од свиркачи, ги има такви и околу Димче комунистче, рутер патриотот 🙂 – напиша Богдан Илиевски на фејбук
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.