Пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев денеска до Агенцијата за заштита на лични податоци поднесе Барање за утврдување повреда на правото на заштита на лични податоци.
Пријавеното службено лице се терети дека, на ден 12 октомври 2022, преку неговиот Кабинет, до група новинари и медиумски редакции испратил принт-скрин од потпишано Известување по претходно поднесената граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување задолжителен дополнителен референдум, каде што Апасиев, како физичко лице, фигурира како првопотпишан граѓанин, со правен статус на „овластен предлагач“. Како фото-прилог кон Известувањето, без никакво претходно одобрение или дозвола, тој ја проциркулирал и јавно ја објавил приватна домашна адреса на живеење на подносителот, од неговата лична карта, кој импринт потоа – без никаква анонимизација или затемнување – беше објавен во етерот од скоро сите пишани и електронски медиуми во државава (радија, телевизии, веб-портали, весници и др.)., соопштија од Левица.
Со ова противзаконито и самоволно дејствие, додаваат од партијата, пријавениот сторил намерна повреда и злоупотреба на законски заштитените лични податоци на подносителот, со што ја загрозил неговата безбедност, како и безбедноста на неговото семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.