На чист б’лгарски јазик, ФЛАШКА значело УСБ 🥳
Епа, “флашката” со фашистичките песни од Благоевград е во сигурни раце. Истата ќе биде прописно форматирана. 😉
На денешното отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, претседателот на Левица – Дими++тар Апасиев беше физички нападнат од, како што велат од партијата – бугарски уфрлен шовинист.
Провокаторот за време на целиот настан беше уфрлен во групата од Македонија, со дозвола од бугарската полиција, при што носеше звучник од кој се слушаа бугарски фашистички маршеви. Кога присутните му ја исклучија музиката, провокаторот физички го нападна претседателот на Левица, Димитар Апасиев, соопштија од Левица.
Всушност, атмосферата зоврела кога Апасиев му го одзел УСБ стикот на провокаторот од кој се ширела фашистичката музика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.