Во АД ЕСМ продолжуваат епизодите со милионските договори за јавни набавки со нивната омилена фирма – МАРКОВСКИ КОМПАНИ Борче ДООЕЛ од Битола, како да се работи за индиска серија. Овој конзул на држава под санкции на ЕУ изминативе години додека СДС и ДУИ се власт свртел стотици и стотици милиони евра тендери во РЕК Битола. После оние 150 милиони евра кои ВМРО-ДПМНЕ ги објави пред два дена, следуваат нови 4 милиони евра. Власта во заминување направи пепел, народните пари безмилосно ги троши, обвинува Стевче Антовски од ВМРО- ДПМНЕ на прес-конференција.
-Но, после изборите на 8-ми мај одговорност ќе има за сите кои се огрешиле пред правдата. Имено, пред два дена објавивме дека власта во заминување на СДС и ДУИ непосредно пред избори подготвува два тендери во РЕК Битола од 9 милијарди денари. Од овие мултимилионски јавни набавки на ЕСМ во изминатиов период најголеми придобивки имаа неколку компании, најчесто на тајкуните од земјите блиски до Русија и блиски до фамилијата на екс премиерот. Најпрво СДС и ДУИ на мала врата, незаконски и на сила сакаат да спроведат тендер за набавка и увоз на јаглен од 6 милијарди денари, со кој ќе доделат тендер за ископ на јаглен и јаловина на омилена фирма на еден конзул на земја под санкции на ЕУ. Потоа следеше нов тендер од 46 милиони евра, за сега да следи трет тендер во висина од 4 милион евра. „Европскиот фронт“ е само на хартија, а во реалноста оваа власт дава милиони на бизнисмени поврзани со Русија и нивни сателити, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.