Директорот на РЕК Битола Пеце Матевски имаше јавна реакција на одржаните прес конференции од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо закани за тужби, Пеце Матевски да се заблагодари за јавно изнесените податоци од страна на ВМРО-ДПМНЕ за начинот на кој се фактурираат извршените услуги од надворешните компании и да изврши контрола во РЕК Битола, секако доколку не е запознаен со истото.

Директорот Пеце Матевски јавно бара докази за неправилностите во работата на РЕК Битола, во начинот на кој се извршуваат тендерските постапки. На одржаната прес конференција од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Стевче Антовски јавно ги прикажа склучените договори помеѓу РЕК Битола и фирмата КОМПАКТ МСФ Дооел Битола. Овие договори се доволен доказ дека во РЕК Битола постои директен судир на интереси кога станува збор за тендерски постапки. Фирмата КОМПАКТ МСФ која што е во фамилијарна сопственост на првиот синдикалец на РЕК Битола Менде Фидановски, добива тендери од неговата сопруга која што е вработена во РЕК Битола во 2020 година во службата за деловно техничка апликација како организатор на обработка. Многу е едноставно, фирмата на фамилијата на првиот синдикалец во РЕК Битола учествува на тендерите и неговата сопруга извршува верификација на истите.

Пеце Матевски наместо да се заканува да одговори на следните прашања:

Зашто Директорот на РЕК Битола во своето јавно излагање воопшто не ги спомна јавно прикажаните документи, дали мисли дека со премолчување ќе успее да го скрие недомаќинското управување во РЕК Битола, прашуваат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Дали Директорот може да разбере дека тој е единствениот кој што ги понижува повеќе од 2000 вработени во РЕК Битола со начинот на неговото управување а со тоа и сите граѓани на Македонија?

Дали позади јавните заканувачки изјави на директорот се крие страв од соочување со одговорноста за се она што го прави раководството со РЕК Битола изминатите години?

Раководството на Електрани на Македонија треба да разбере дека заврши времето кога можеше да врши притисок и да сее страв. Притосоците и заканите нема да помогнат во затскривањето на оние кои сториле кривични дела и да избегаат од одговорноста. Никакви закани и притисоци нема да ги спречат промените и да донесат правда за сите, велат од ВМРО ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.