Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во гостување во централниот дневник на Сител телевизија истакна дека Македонија не почнува преговори со ЕУ, туку таа почнува голгота со нејзиниот сосед Бугарија.
– Алтернативата доколку се отфрли рамката во овој момент е да останеме сплотени тука мислам на опозицја, Влада и претседателот. Сакаме да имаме преговарачка рамка кои ги имала и Грција, Србија, Словенија и сите други земји кои пристапувале или пристапуваат кон ЕУ. Бараме преговарачка рамка која носи европеизација а не ваква која носи бугаризација на земјава во наредните 10 години – истакна Милошоски.
Тој додеде дека Собранието нема надлежност да донесе одлука, туку таа одговорност е кај Владата.
– Во однос на меѓународните сојузници на земјава кои деновиве даваат пораки со поддршка и охрабрување на Владата сакам да истакнам дека тие се површни одосно веќе видени во повеќе наврати кога земјава одлучувала за важни работи. Тука сакам да истакнам дека единствен европеец кој деновиве реално ја опиша рамката е амбасадорот Ерван Фуере. Тој истакна дека оваа преговарачка рамка е кафез а клучот за него го има една европска држава – изјави Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.