Антимакедонската СДС се плаши од избори, затоа што Ковачевски никогаш повеќе нема да биде премиер, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Антимакедонската СДС знае дека народот не ги поддржува нивните деструктивни политики, а тоа се гледа и од изборниот резултат во Тетово. ВМРО-ДПМНЕ го победи СДС во сооднос 2:1. Поразот на СДС во Тетово, ќе биде пораз за СДС во цела Македонија. Со противењето на идејата за избори, бегајќи од соочување со народот, антимакедонската СДС покажува само колку се мизерни и себични, за ден повеќе на функции се подготвени да ја банкротираат државата. Заради СДС денес 500.000 наши сограѓани го живеат денот со само 150 денари, а бројката на луѓе во сиромаштија само ќе се зголемува со бандата од антимакедонската СДС на власт, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро, додаваат од таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.