Во извештајот на ЕК за напредокот на земјата беше наведено дека треба да се продолжи со заложбите институциите да функционираат подобро, како и да се почитуваат препораките на независните институции, но и да се зголеми поддршката ан институциите кои треба да ги зголемат активностите на националните стратегии.
Да се зголеми бројот на конечни пресуди за случаите со висока корупција и конфискација на имот. Неказнивоста е еден од поголемите ризици од корупција, кој значително ја намалува довербата на граѓаните, рече денеска првиот човек на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, коментирајќи ги одлуките на Стејт департментот за ставање на црна листа на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.
Струшкиот суд во ноември 2019 година добиваат претставка од нас за набавката на луксузниот автомобил „Ауди А6“ во Општина Струга, вели Ивановска, но немаме никаков одговор, иако според законот се обврзани.
-Потоа ние доставуваме ургенција за да прашаме што се случило. Ургенцијата е веќе февруари 2021 година и тие веелат дека таков предмет во нивната електронска архива нема. Што се однесува до постапувањето на судијата, тоа е веќе застарено бидејќи поминале три години од донесување на одлуката. Ние имаме потврда дека предметот е примен во Судски совет, информира Ивановска на брифинг со медиумите.
Претседателката на ДКСК истакна и дека мерки против судската фела презема Судскиот совет, но прашува кој ќе преземе мерки против Судскиот совет.
-Ние го имаме доказот. Сега е прашањето дали е ова уште капка во мочуриштето каде што се дави Судскиот совет. Ние немаме ингеренции против Судскиот совет. Тоа е регулаторно тело за работењето на судиите, Се трудиме да ја подобриме работата со Обвинителството и сите предмети по наши наоди треба да одат по побрза лента оти се со поткрепена документација. Го почитувам нивното право се да истражат, но треба повеќе да се ослонат на истражувањата на независните институции, рече Ивановска на новинарско прашање и додаде:
–Ние во овие четири и пол години постоиме. Сме изработиле многу и не треба 8000 километри за некој да дојде до наодите. Најдени се наодите, а непочитувањето на работењето на независните институции не доведе до ова. Не треба да се чека некој од надвор, ние сме го кажале ова многу порано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.