Антикоруопциска се прогласи за ненадлежна за финансирањето на ДУИ иако констатираше прекршок. На денешната седница антикорупционерите информираа дека утврдиле дека во ДУИ пристигнувале донации над дозволениот законски максимум. Според извештајот, во Мала Речица во јули годинава констатирале дека во касата имаат повеќе пари од тоа што го дозовлува законот и парите ги вратиле. Сепак, како што констатираше Антикорупциска, парите требало да бидат вратени во рок од 15 дена а не речи си една година подоцна.

Антикорупционерите утврдија дека за овој случај, соодветна постапка пред надлежните институции треба да иницира Државниот завод за ревизија и одлучија да ја запрат постапката. Исто така, најавија дека ќе го информираат и Министерството за правда кое е надлежно да ги спроведува законот за финансирање на политичките партии. Претходно, во медиумите беше објавено дека фирмата ЕУРОВИА која само во последните година дена добила близу 10 милиони евра од државни тендери и нејзините сопственици се јавуваат како донатори на две третини од средствата кои ДУИ ги добива како донации.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.