Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека оформиле предмет, по доставена анонимна пријава во која се наведува дека „генералниот секретаријат потпишал договор сo Microsoft за лиценци и сервиси во вредност од околу 26.000.000,00 евра“.
Предметот, согласно со деловникот за работа на ДКСК, е распределен за работа и постапувањето по истиот е во тек, нагласува ДКСК.
„Во врска со јавно упатениот повик на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да отвори предмет во врска со набавка на лиценци од страна на Владата на Република Македонија, со наведување дека „како е можно 40 милиони евра да се даваат за лиценци на фирма каде што доминира колега на премиерот“, Државната комисија за спречување на корупцијата ја информира јавноста дека во ДКСК е оформен предмет, по доставена анонимна пријава во која се наведува дека „генералниот секретаријат потпишал договор сo Microsoft за лиценци и сервиси во вредност од околу 26.000.000,00 евра“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.