Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на видеото на кое се гледа како вицепремиерот Бојан Маричиќ со службено возило оди да се потпиши за кандидатурата за претседател на Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ.
Медиумите објавија дека Бојан Маричиќ со службено возило пристигна да даде потпис за Пендаровски. Неговиот шофер му ја отвора вратата, во неработен ден тој користи државни ресурси платени од граѓаните. Оттука добро е да одговори Државната комисија за спречување и борба против корупцијата што мисли за овој случај? Според кои европски практики Маричиќ злоупотребува државни ресурси платени од граѓаните?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.