Речиси 60 отсто од анкетираните македонски граѓани одговориле негативно на прашањето дали Македонија се движи во позитивна или негативна насока. Најголема одговорност за состојбата во земјата, испитаниците ја лоцираат во Владата и во капацитетот на владејачките партии (61,2%). Резултатот на ова е двојната предност на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, водечката партија од владината коалиција, покажува истражувањето на МКД.мк кое на 1.200 испитаници го спроведе агенцијата Маркет вижн.

Мал дел од испитаниците, само 13% сметаат дека земјата се движи во позитивна насока, околу една четвртина сметаат дека стои во место.

Според испитаниците најголем проблем со кој се соочува нашата земја е инфлацијата и растот на цените на струјата и нафтените деривати (44%), додека 26,3% одговориле невработеноста и намалената стопанска активност. Оттука 70,3% од испитаниците сметаат дека најголем проблем во земјата се економски фактори. Од неекономските фактори се издвојува криминалот и корупцијата со 20 отсто.

Од 1 до 5 испитаниците ја оценуваа работата на државните институции. Најниски оценки за успешноста во работењето добија Владата (2,2) и судството (1,86). Две третини од испитаниците (67%) сметаат дека Владата работи неуспешно, а 76% од испитаниците сметаат дека судството не работи успешно.

Сите резултати на МКД.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.