Претседателот на Собранието Талат Џафери чека резултатите од истрагата на МВР за скандалот во Комисијата за надзор над безбедносните служби, за да информира чија е одговорноста за тајното снимање на затворената седница, на која директорот на АНБ Виктор Димовски реферираше за македонското државјанство на олигархот Олександр Онишченко.

Истрагата е во тек. Штом добиеме официјални информации од МВР, ќе информираме – велат од кабинетот на Џафери.

Комисиската расправа во петокот беше прекината откако пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз на говорницата во Собранието рече дека од некои новинари добил информација дека тонот од затворената комисиска седница, на која сведочеше Димовски, се слушал во позадина на јутуб-преносот од пленарната седница на Собранието, која беше во тек. По ова, седницата беше одложена, а преносот од Собранието е исклучен.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.