Едно од прашањата се однесувало на тоа кој народ граѓаните на Србија го сметаат за најблизок, кога е во прашање опкружувањето, а секој трет испитаник рекол дека тоа се Црногорците, четвртина ги сметаат Македонци за најблиски и петтина од испитаниците ги издвоиле Унгарците и Бошњаците.
Александар Вучиќ е само еден процент попопуларен од Владимир Путин, што значи дека Путин би влегол во втор круг кога би можел да се кандидира на претседателски избори во Србија, а можеби и би го победил Вучиќ, рече денеска Зоран Пановиќ на презентацијата на истражувањето на „Демостат“, пренесува Н1.
Анкетата покажа дека претседателот на Република Српска, Милорад Додик, е најпопуларниот српски лидер по Вучиќ, а граѓаните го доживуваат Виктор Орбан како домашен лидер, што е еден вид политички феномен, рече Пановиќ на денешната прес-конфереција во Белград.
Александар Вучиќ има најголема доверба или 46 отсто од испитаниците, Здравко Понош и Ивица Дачиќ имаат поддршка од шест отсто, а 27 отсто од испитаниците немаат доверба во ниту еден политичар, се наведува во истражувањето.
Од светските лидери, испитаниците имаат најдобро мислење за Владимир Путин (45 отсто), Си Ѓинпинг (12 отсто) и Емануел Макрон (11 отсто).
Едно од прашањата се однесувало на тоа кои луѓе граѓаните на Србија ги сметаат за најблиски кога е во прашање опкружувањето, а секој трет испитаник рекол дека тоа се Црногорците, четвртина ги сметаат Македонци за најблиски, петтина од испитаниците ги издвоиле Унгарците и Бошњаците, додека другите народи биле поретко споменувани.
Доколку утре би се одржал референдум за влез на Србија во Европската Унија, „за“ би гласале 34 отсто од граѓаните, но само 17 отсто сметаат дека треба да се направат одредени отстапки за напредокот кон ЕУ, додека 51 отсто од испитаниците се против влез во Унијата, покажуваат резултатите од истражувањето на „Демостат“.
Истражувањето е спроведено во периодот од 13 до 22 јуни, а во него учествувале 1 203 граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.