Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов истакна дека надлежните институции се подготвени и искоординирани за можноста од пожари по високите температури.
Вчера одржавме координација на која учествуваа сите институции кои имаат надлежност во гасење на шумски пожари, се искоординиравме, донесовме неколку заклучоци и имаме намера во понеделник или вторник да ја информираме јавноста за бројот на државните ресурси, но авионите ќе бидат функционални ова лето – потенцира тој.
Ангелов информира дека за викендов надлежните институции имаат на располагање четири хеликоптери и еден авион.
За овој викенд имаме на располагање четири хеликоптери и еден авион. Другите два мислам дека се вратени, мислам дека се работеше за формален редовен сервис. Така што на авионите можеме да сметаме ова лето – појасни Ангелов.
Упати апел до граѓаните, да бидат исклучително внимателни при движење во природа.
Бидејќи најнепопуларната мерка е забрана за движење во природа, таа мерка ќе се обидеме да ја избегнеме. Но граѓаните треба да бидат совесни и внимателни при фрлање на отпушоци, при работа со алат кој што искри и да не се палат огнови, премногу е топло, тревата за неколку дена ќе биде барут сува и лесно запаллива, рече првиот човек на ЦУК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.