Нема потреба бугарски полицајци да бидат дел од обезбедувањето за време на чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев, смета директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Според него, македонската полиција во минатото покажала дека може да се справи со демонстрации кога имало и повеќе од 10 илјади луѓе.

Доволно ќе биде на чествувањето на роденденот да бидат удрени, истепани и нападнати неколку лица од Бугарија, не треба повеќе. Ако ние овде поради неколку тупаници зад кои што има криминална позадина доживеавме ваков скандал кој што негативно се одрази на односите меѓу Бугарија и Македонија, замислете што би се случило доколку има напад на повеќе лица или меѓусебна тепачка. Нашето МВР и полиција е повеќе од доволно спремно само да се справи со сите проблеми на гробот на Гоце Делчев. Нашите специјалци одржуваат јавен ред и мир кога имаме десетици илјади бесни демонстранти. Проценка на премиерот и министерот дали од политички аспект би било корисно доколку би дошле бугарски полицајци. Можеби од пропаганден аспект би имало позитивно влијание, но од безбедносен аспект не се неопходни, рече Ангелов во емисијата „Аргумент плус“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.