Две работи има од оваа анкета, таа е огледало на реалноста и овој пат ми е драго што СДС не навлезе во демантирање на анкетата затоа што не им се допаѓа. Затоа што иста ваква анкета со многу слични резултати во врска со рејтинзите на партиите, ВМРО-ДПМНЕ има 19 проценти, СДСМ 11 проценти кај целокупното население СДС излегуваше на прес конференции и кажуваше ова се штелувани и нарачани анкети. Еве сега ова не е нарачана анкета, ниту платена, ова е анкета од Меѓународниот републикански институт ИРИ, институција која што има кредибилитет, вели Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ во интервју во емисијата Аргумент Плус на телевизија 24.

Андоновски истакна дека анкетата на ИРИ покажува дека има пад на довербата кај граѓаните во тоа како СДС управува со државата, односно минатата година 18 проценти од граѓаните одговориле дека државата се движи во добра насока, а оваа година процентот на истото прашање е само 13 проценти.

Ова покажува колку СДС е одлепена од реалноста, дека државата не оди во вистинска насока и ако ги прашате граѓаните дали Македонија се движи во добра или лоша насока 13 проценти ќе ви одговорат дека се движи во добра насока. За разлика од тоа минатата година 18 проценти исто СДС на власт. Значи има пад и во нивните лични параметри во начинот на кои ги водат процесите, кажа тој.

Андоновски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е задоволна од исходот на анкетата, посочувајќи дека разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ е 2 спрема 1 или довербата на граѓаните е 26 проценти, додека кај СДС е само 15 проценти, или доколку се одржат утре избори како што рече тој ВМРО-ДПМНЕ ќе освои околу 60 пратеника, додека СДС под 30.

Што се однесува на ВМРО-ДПМНЕ ние можеме да бидеме задоволни затоа што кај македонското гласачко тело каде што 90 проценти од нашите гласачи се етнички македонци, ВМРО-ДПМНЕ води со 26 проценти, СДС има само 15 проценти. Значи разлика е приближно 1 спрема 2. И ова покажува дека ако утре се одржат избори ВМРО-ДПМНЕ ќе има околу 60 пратеници, а СДС ќе има под 30 пратеника. Што многу јасно ја покажува траекторијата на движење на ставот на граѓаните, вели Андоновски.

Тој потенцираше и дека  на прашањето дали вашиот живот се подобрил или влошил во измината година, 53 проценти од граѓаните одговориле велат дека се влошил, 41 проценти велат дека останал ист. Што значи дека само за 6 проценти кај граѓаните живеат малку подобро од минатата година. И ако ги собереме сите овие работи очигледно СДС не се справува со состојбите, дециден е Андоновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.