Мене самиот закон од јавен интерес односно законот за „Бехтел и Енка“ ми е спорен уште од самиот почеток. И тоа го кажа самата претседателка на Антикорупциска. Тие единствени како комисија уште минатата година поднесоа за оценување на уставноста, меѓутоа помина онака како што помина. Нивната иницијатива не помина, што укажува на тоа дека „Бехтел и Енка“ ќе имаат посебни привилегии во нашата земја. И сега гледаме дека е навистина“, истакна Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ при гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.

Ампева додаде дека минатите измени во законот беа во просек 60 часа неделно што значи во просек ако е може да биде и 120, тоа беше и аргументот на „Гласен текстилец“ пред Уставен суд. Меѓутоа сега ова што се како измени на законот се уште покритични бидејќи се вели дека работното време ќе биде над 190 часа годишно. Каде е горната граница, запраша таа.

„Во моменталните законски решенија дали за јавен сектор, дали за закон за работни односи, дали за колективни договори законодавецот намерно го ставил тоа да стои 190 часа максимум прекувремена работа во текот на годината“, нагласи таа.

Таа посочи дека европското знаменце власта го искористи не поради европски норми туку да се избегне дебата со јавноста.

„Дебата во јавноста се избегнува и за Законот за земјоделско земјиште, за експропријација итн.“, посочи Ампева.

„Имав верба дека навистина претседателот Пендаровски ќе биде осетлив кон оваа тема бидејќи велиме дека младите се иселуваат, има сива економија, и од Светска банка ни велат дека имаме над 40% сива економија, имаме ситуации со злоупотреби на државни пари за КОВИД мерките, за тоа апсолутно немаме никаде истраги, а ниту пак одговор. И сега дополнително, оставете што 1.3 милијарди евра што ќе дадеме на „Бехтел и Енка“, плус пенали туку ние имавме и еден тендер што пропадна за надзор на патишта од фамозни 22,5 милиони. Цело време оваа постапка и фирми се скандалозни. И посебно револтирачки беше и самата изјава на претседателот дека наводно треба да внимаваат амбасадите на какви граѓански организации и какви медиуми ги даваат европските финансии“, заклучи Ампева.

Таа укажа дека имало многу несвојствени работи во вчерашната прес конференција на Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.