Албанските опозициски партии Алтернатива, Движење Беса и Демократско Движење поднесоа пријава за сомневање за корупција и конфликт на интереси до Државната комисија за спречување на корупција во врска со односите помеѓу Демократската Унија за Интеграција со компанијата ЕУРОВИА.

Основа на оваа пријава е нашето сомневање дека има корупција и конфликт на интереси во односите помеѓу Демократската Унија за Интеграција со компанијата ЕУРОВИА, која се појавува и како донатор на оваа партија, но, исто така, и како подизведувач во градежните активности во рамките на Коридорот 8, соопштија партиите.

Нивното сомневање е дека во овој случај се врши перење на пари и се реализира бизнис со оваа компанија.

За информација на јавноста, оваа компанија е главен донатор на ДУИ, давајќи и на оваа партија околу 70.000 евра само во 2022 година. Од друга страна, токму оваа компанија преземал тендер вреден 1,8 милиони евра од Министерството за надворешни работи, која се раководи од кадар на ДУИ – Бујар Османи, додека истата се појавува и како подизведувач во Коридорот 8, каде како координатор на проектот од владата е назначен е првиот вицепремиер, исто така кадар на ДУИ Артан Груби, велат оттаму.

Партиите очекуваат ДКСК да ги потврди нивните сомневања со што потоа би го пријавиле случајот во повисоки правни инстанции.

Во документот што го приложивме има повеќе факти и се повикуваме на нормите врз основа кои дејствува оваа Комисија, додека, нашата надеж е дека ДКСК ќе ги потврди нашите сомневања и ова ќе премине во правни инстанции. Како субјекти кои посебно сме ангажирани во борбата против криминалот и корупцијата, уште еднаш забележуваме дека европскиот дискурс и лексиката со патриотски фрази за да ја спасиме државата и нацијата е недоволна за да се покрие корупцијата на ДУИ, велат оттаму.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на крајот на август информираше дека ќе отвори предмет поврзан со компанијата „Еуровиа“, која го доби тендерот на Министерството за надворешни работи (МНР), во вредност од 1,8 милиони евра, бидејќи, според нив, во конкретниот случај постојат елементи за наделжно постапување на комисијата и од аспект на материјалноста бидејќи се работи за високи износи но и за ризици за политичка повзаност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.