Секогаш кога ќе се отвори Уставот, Алтернатива ќе предлага амандман со кој би се оневозможило да застаруваат судските предмети и кривични дела извршени од избрани и именувани функционери. Првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши, рече дека тоа се прави со цел борбата против криминалот и корупцијата да се подигне од кривично на уставно ниво. Освен членот 52 од Уставот, Гаши вели дека треба да се интервенира и во Кривичниот законик, пишува Алсат.
„Законите можат да имаат ретроактивно дејство дури и во случаите кои се однесуваат на застарување на кривичната одговорност за злоупотреби од именувани или избрани лица при спроведување на јавните овластувања, кои предизвикале штета на јавните средства, буџетските средства на централно и локално ниво и на тој начин незаконски стекнале богатство. Амандманот ќе биде основа и ќе создаде можности за измени и дополнувања на членот број 112 во Кривичниот законик за да се предвиди одредба со која кривичните дела од избрани или именувани лица кои се категоризираат како кривични дела против службената должност, никогаш да не можат да застарат.“ рече Африм Гаши, претседател на Алтернатива.

Ова не е услов, туку барање кое, според Гаши, треба да наиде на поддршка кај сите партии во државата.

„На крајот нема да биде важно дали е од Алтернатива, може да биде предлог на група пратеници, важно е овој амандман да се вметне во Уставот и да имаме поголема можност на уставно ниво за борба против криминалот и корупцијата.“ рече Африм Гаши, претседател на Алтернатива.

Зборувајќи за уставните измени и условите на албанската опозиција за смена на фразата „20 отсто“ во Уставот и барањето на македонската опозиција за укинување на гласањето со Бадентерово мнозинство и балансерот за вработување на етничките заедници, Гаши рече дека се треба да се направат консултации и да се најде најсоодветно решение со европски стандарди



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.