Нападот на контролната кула на скопскиот аеродром е скандалозен инцидент од меѓународни размери. Овој чин го загрози меѓународниот воздушен сообраќај и животите на стотици или илјадници патници кои би можеле да настрадат како резултат на овој инцидент. Ја поздравуваме реакцијата на обвинителството и барањето за притвор на осомничените и очекуваме правдата да донесе правична и заслужена пресуда, за ваквите дела да добијат соодветна казна и никогаш да не се повторат, велат од Алијанса за Албанците.

Воедно бараме од одговорните органи да го зголемат степенот на безбедност во овие објекти и институции а да истражат и како напаѓачите, неовластено успеале да влезат во контролната кула.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.