Алијанса за Албанците остана без координатор на пратеничката група откако Илирие Даути преку Фејсбук информира дека си поднела оставка од таа функција. Даути како причина за оставката од шеф на пратеничката група го навела поразот на Алијанса за Албанците на вонредните локални избори во Тетово на кои партијата не освои ниту едно советничко место.

Резултатот на последните локални избори, а уште повеќе многу слабиот резултат за Советот на Тетово, ме погоди и мене, а мојата совест како пратеник од шестата изборна единица не го надминува и не можам да бидам рамнодушна. Затоа, ве информирам дека штотуку поднесов оставка од функцијата координатор на пратеничката група на Алијансата за Албанците, единствена титула што ја имам во моментов од политичкиот субјект. Вам кои верувавте во мене континуирано, сакам да ви кажам благодарам од се срце, ако можете продолжите да верувате во мене затоа што јас силно верувам во вас, вели Даути.

Пратеници од Алијанса за Албанците за „Слободен печат“ велат дека Даути ги информирала за оставката и дека ја поднела од лични причини. До избор на нов координатор, пратеничката група ќе ја предводи заменик координаторот Сурие Рашиди.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.