„Откако беше поплавена од дождот, зградата на хируршката клиника во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, поточно операционата сала и дел од одделот на Универзитетската клиника за торакална хирургија, беа опфатени од пожар и со тоа се загрозија животите на пациентите коишто беа сместени во установата. Овој пат за среќа немаше загинати ниту пак повредени“, се наведува во соопштението на Алијанса за Албанците доставено до медиумите.

„Алијанса за Албанците прашува:

Дали има технички прием за операционата сала и другите делови на реновираниот репарт, ако да, кој го има потпишано?
Зошто не функционира операционата сала којашто беше двапати отворена за функционирање од страна на владата на СДСМ-ДУИ за ниски политички поени и беше прогласена како хируршка сала „со светски стандарди“?
Зошто директорот на клиниката не го известил министерот за здравство и што е најскандалозно, тој бил информиран дури по четири дена?

Алијанса за Албанците бара:
Министерот за здравство, г. Сали, итно да ја посети клиниката и да се произнесе за овој случај!
Министерот за здравство да побара одговорност од Директорот Јакупи за неговите евентуални пропусти и неговото ноншалантно однесување кон институцијата – министер за здравство!
Владата на Македонија треба да иницира реинтеграција на Универзитетските клиники по забрзана постапка за да се избегнат трагедии од ваков тип и непослушност на партиските директори“, стои во реакцијата на АА, одделот за здравство, испратена до медиумите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.