Вчерашниот скандалозен случај со ослободувањето на Сашо Мијалков од казната затвор од 12 години не може да се помине само со изјави и оградување, вели Сурија Рашиди, пратеник на Алијанса за Албанците.
„Реакциите на некои владини претставници кои леат крокодилски солзи за инсталиран систем кој им простува на криминалците се само обид да се збунат и измамат граѓаните. Наместо декларативни реакции, институциите под итно треба да ги најдат виновниците за овој скандал. Тие мора да се бараат меѓу судиите од Кривичниот суд кои јасно се гледа дека намерно направиле процесни пропусти, за да се создаде ситуација Апелација да ја укине одлуката“, вели Рашиди.
Виновниците, додава тој, треба да се бараат во местењето на судските совети, каде што се забележува дека по секое „ослободување“ или одлука за укинување на казните секогаш се појавуваат исти судии.
„Ова е првиот и најитен чекор што мора да се преземе, за да се спречи можноста тие да создаваат слични ситуации во иднина.
После ова мораме сите да пристапиме кон суштинска реформа на правосудниот систем, за да се стави крај на амнестирањето на криминалците, неправедното казнување на невините граѓани и монтираните случаи кои за жал ги претрпеа голем број граѓани воопшто и Албанците особено“, нагласува Рашиди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.