Преселувањето ќе има позитивен ефект, ќе ја зголеми вредноста на работата – ќе ги натера младите да се вратат во земјата.

Заминувањето на младите предизвикува недостиг на работна сила, но тоа позитивно ќе се одрази на вработените, бидејќи цената на трудот ќе почне да расте, што може да биде мотив плус за некои да почнат да се враќаат.

Вака во 10 минути на ТВ21 изјави аналитичарот Алберт Муслиу.

Како за пример ја зема Албанија, бидејќи според него, со зголемувањето на миграцијата се зголемила и вредноста на работната сила.

Според него, тоа предизвикало многу Албанци кои заминале во Грција да се вратат во Албанија.

Мислам дека Албанија помина низ ова, додаде Муслиу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.