Во следните две недели се очекува политичките партии да ги финализираат нивните анализи, преговори и мерења на кандидатите и да ги објават имињата на кандидатите за претседател на државата кои се закажани да се одржуваат на 24 април. Изминативе денови, лидерите на политичките партии единствено што информираат е дека „кругот се стеснува“, но не објавуваат јавно ниту кои кандидати се влезени во најтесниот круг.

Претседателот на Собранието Јован Митрески вчера попладне ги распиша претседателските и парламентарните избори 2024. Првиот круг од претседателските избори се закажани на 24 април, додека вториот круг ќе се одржи заедно со парламентарните избори на 8 мај. Државната изборна комисија (ДИК) веќе од денеска натаму ,треба да ги потврди официјалните законски рокови кои ќе и претходат на подготовката за изборите.

Албанската опозиција најверојатно ќе го предложи градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, а ДУИ најверојатно ќе оди со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Кандидат за претседател, досега промовираше само „Левица“, професорката Билјана Ванковска. И лекарот Вело Марковски како независен кандидат ќе собира потписи за да си ги „одмери“ силите во претседателската трка. Актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски нагласи дека за околу пет до десет дена од сега ќе ја донесе одлуката дали ќе се кандидира за втор мандат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.