Во гостиварското село Форино, кое воедно е родното село на претседателот на Собранието Талат Џафери, е истактнато албанско знаме од барем 10 метри на плоштадот на селото – во спротивност на Уставот и Законот за употреба на знаминњата на заедниците во Република Македонија, реагираат од Секторот за политички систем на партијата Левица, од каде потенцираат дека станува збор за самостојно истакнато албанско знаме во центарот на с. Форино, без притоа до него да е истакнато македонското знаме, како што се превидува со Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија.
▪️ Според чл. 5 од Уставот на Република Македонија, Државни симболи на Република Македонија се: грб, знаме и химна.
▪️ Според Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, при истакнување на знамето на другите етнички заедници на плоштади и други јавни места, мора да биде истакнато и знамето на Република Македонија.
Истакнувањето само на албанското знаме, без притоа до него да се истакне и македонското, во соглсност со одредбите на гореспоменатиот закон претставува казниво дело.
Дополнително, оваа постапка на локалните власти е доказ за беззаконието кое владее во оваа држава, и своевидна провокација со цел да се подгреат етнички тензии, алармираат од Левица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.